На 24 ноември 1944 година, во ослободеното Скопје, само десетина дена откако стивнале последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија. Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои сѐ уште биле во партизански униформи, го формирале симфонискиот оркестар. На таа средба присуствувале Васил Ѓаконов - Шпато, Тодор Календаров, Петар Трајков, Стефан Кралев, Александар Шалев, Фрањо Млчок, Херман Зип, Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ.

На почетокот, оркестарот се состоел од триесетина музичари, предводени од Скаловски и Трајко Прокопиев. Најпрвин, оркестарот настапувал на свечености и академии, а првиот јавен концерт бил одржан одржан на 15 декември 1945 г. Во текот на своето постоење, Филхармонијата работела во состав на други организации и установи, под имињата: „Скопска филхармонија“, „Државен симфониски оркестар“, „Симфониски оркестар на Радио Скопје“ и „Оркестар на Операта на МНТ“, а во 1960 г. постанала самостојна установа, под името „Македонска филхармонија“.

 


Copyright Учи Македонски 2024 | Developed and Hosted by