Славко Јаневски (Скопје, 11 јануари 1920 — Скопје, 20 јануари 2000) бил истакнат македонски раскажувач, романсиер, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. Долги години бил член на МАНУ и Друштвото на писатели на Македонија. Тој припаѓа на првата генерација македонски писатели по Втората светска војна, која ги поставила темелите на современата македонска книжевност. Неговиот роман „Село зад седумте јасени“ (1952) е првиот роман објавен на стандарден македонски јазик.

 60 години неуморно творештво, остави опус од 15 романи, 11 книги поезија, 6 книги раскази, 8 книги за деца и голем број непубликувани во посебни книги препеви, книжевни и политички есеи и полемики, односно повеќе од 40 книги оригинално книжевно творештво.

Славко Јаневски и’ припаѓа на првата генерација македонски писатели по војната која ги постави темелите на современата македонска литература. Од рана возраст почна да се занимава со литература и сликарство и по шест децении неуморно творештво, остави опус од 15 романи, 11 книги поезија, 6 книги раскази, 8 книги за деца и голем број непубликувани во посебни книги препеви, книжевни и политички есеи и полемики, односно повеќе од 40 книги оригинално книжевно творештво.

Творештво

• Крвава низа (поезија, 1945) 
• Пруга на младоста (со Ацо Шопов, поезија, 1946) 
• Пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕверки (поезија за деца, 1946) 
• Распеани букви (поезија за деца, 1946) 
• Милиони маченици (поема за деца, 1948) 
• Егејска барутна бајка (поезија, 1949) 
• Песни (1950) 
• Улица (повест, 1950) 
• Лирика (1951) 
• Село зад седумте јасени (роман, 1952) 
• Шеќерна приказна (сказна за деца, 1952) 
• Кловнови и луѓе (раскази, 1956) 
• Две Марии (роман, 1956) 
• Леб и камен (поезија, 1957) 
• Месечар (роман, 1959) 
• Сенката на Карамба Барамба (поезија за деца, 1959) 
• Марсовци и глувци (поезија за деца, 1959) 
• Горчливи легенди (патописна проза, 1962) 
• И бол и бес (роман, 1964) 
• Стебла (роман, нова верзија на „Село зад седумте јасени“, 1965) 
• Евангелие по Итар Пејо (поезија, 1966) 
• Црни и жолти (поезија за деца, 1967) 
• Каинавелија (поезија, 1968) 
• Тврдоглави (роман, 1970) 
• Омарнини (раскази, 1972) 
• Ковчег (раскази, 1976) 
• Оковано јаболко (поезија, 1978) 
• Астропеус (поезија, 1979) 
• Змејови за игра (поезија, 1983) 
• Миракули на грозомората трилогија: Легионите на Свети Адонис, Кучешко распетие и Чекајќи чума (1984) 
• Девет Керубинови векови (роман, 1987) 
• Глуви команди (поетски избор, 1988) 
• Песји шуми (поезија, 1988) 
• Чудотворци (роман, 1988) 
• Рулет со седум бројки (роман, 1989) 
• Скаменетиот Орфеј (поетски избор, 1990) 
• Пупи Паф (проза во стихови за деца, 1991) 
• Зад тајната врата (раскази, 1993) 
• Континент Кукулино (проза, 1996) 
• Пупи Паф во Шумшул град (книга за деца, 1996) 
• Пупи Паф гледа од вселената (1996) 
• Пупи Паф господар на соништата (1996) 
• Депонија (роман, 2000) 

 


Copyright Учи Македонски 2024 | Developed and Hosted by